Monday, October 25, 2021
HomeСпортМИЛЕВСКИ: Паднавме по првиот гол

МИЛЕВСКИ: Паднавме по првиот гол

Селекторот на македонската репрезентација Боби Милевски го претрпе првиот пораз во петтиот натпревар на клупата на нашиот национален тим.

Веројатно никој не очекуваше нова победа против Германија, но и не очекувавме толку тежок пораз иако игравме против една од најсилните светски селекции во моментов. Македонија се уште е во игра за второто место кое води во дополнителни квалификации за пласман на Мундијалот, но сега не зависи се од нас бидејќи, освен шесте бода во последните две кола, потребен ни е и кикс на Романија.

„Германија заслужено победи. Задоволен сум од првото полувреме, од играта, пред се од поставеноста, од транзициите кои не ги искористивме на најдобар начин. Во второто полувреме головите ги примивме по наши четири индивидуални грешки.

По првиот гол паднавме и физички, тоа можеби е и до недоволната подготвеност на дел од фудбалерите. Индивидуалните грешки се составен дел од играта. Треба да го заборавиме второто полувреме и да продолжиме понатаму. Имаме уште два меча до крајот на квалификациите“, изјави по натпреварот, селекторот на македонската репрезентација Боби Милевски.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img