Monday, October 25, 2021
HomeПопуларноПутин: Секој ден ме тестираат

Путин: Секој ден ме тестираат

Претседателот на Русија Владимир Путин денес се закашла за време на состанокот на владата кој се пренесувал преку телевизија.

Тој после седницата изјавил дека се чувствува добро и дека се тестира на Ковид буквално секој ден.

„Не грижете се, се е во ред. Ме тестираат секојдневно, не само на Ковид, туку и на разни инфекции, така да се е во ред“, рекол Путин кога Валентина Марвијенко, претседателката на собранието на горниот дом од парламентат, изразила загриженост поради неговото здравје, пренесе „Ројтерс“.

Путин, кој наполни 69 години минатата недела, седел одвоено на овој состанок, додава британската новинска агенција.

Тој за кашлањето го обвинил сувиот воздух и апелирал до колегите да се вакцинираат.

Претседателот на Русија неодамна беше во самоизолација откако бројни лица од неговото окружување биле позитивни на Ковид, но Кремљ соопшти дека Путин се чувствува апсолутно здраво.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img