Воведувањето на Ден на домородните народи од страна на Бајден е чекор во тој правец.

Во претседателското обраќање по овој повод се вели дека многу европски истражувачи на местното население му донеле неправди и зло.

-Мерило на нашата големина како земја е тоа што ние не се стремиме да ги сокриеме тие срамни епизоди од нашето минато – ние чесно ги признаваме и правиме сѐ што е во наша моќ да ги надминеме, се вели во обраќањето.

Денот на домородните народи се одбележува и во 13 други сојузни држави, кои го отфрлија празникот Ден на Колумбо. Орегон годинава стана последната држава што го направи тоа.

Во Јужна Дакота празникот се нарекува Ден на домордните Американци.

Во Њујорк и Чикаго се оддржуваат паради во чест на Денот на Колумбо, настани кои се масовно посетени и кои беа откажани лани поради пандемијата.

Во Бостан пак, денеска се оддржува маратон на кој учествуваат познати светски тркачи. Спортскиот настан не е поврзан со некој од празниците, а беше пренесен на денешна дата од април поради Ковид-19.