Monday, October 25, 2021
HomeСпортАфриканските ѕвезди: Ние не можеме на листата за „Златна топка“ со исти...

Африканските ѕвезди: Ние не можеме на листата за „Златна топка“ со исти услови како белците

Минатата недела „Франс Фудбал“ ја објави листата која содржи 30 имиња на фудбалери кои влегоа во трката за „Златната топка“, а изборот не помина без контроверзи.

Еден од оние кои не се најдоа на листата е голманот на Челзи, Едуар Менди. За потсетување, Челзи ја освои Лигата на шампионите, а голманот на „Сините“ ја сочува мрежата недопрена на дури 9 од 12 мечеви во текот на турнирот, вклучително и финалето. Со добрата форма продолжи и оваа сезона.

Неговиот соиграч во репрезентацијата Калиду Кулибали беше особено вознемирен поради отсуството на Менди од листата.

„Навистина е штета што Еду не е на оваа листа. Тој е првиот африкански голман кој ја освои Лигата на шампионите. Мораме да продолжиме да работиме и напредуваме. Мораме да направиме двојно повеќе од некои други луѓе за праведно да не проценуваат“, изјави дефанзивецот на Наполи, при што имплицираше дека изборот на „Франс Фудбал“ има врска со расата.

Со листата не се сложува ни ѕвездата на Ливерпул Садио Мане. Тој за „Онзе Мондијал“ истакна:

„Не го разбирам ова. Тоа е недозволиво, голема штета“.

Од друга страна, Менди е задоволен со фактот дека ја заработи номинацијата за наградата „Лав Јашин“, која му се доделува на најдобриот голман.

„Најискрено сум горд што го претставувам Сенегал меѓу десетте најдобри голмани на светот. Нема да се задоволам со наградите, имам големи амбиции, но ова е доказ дека добро работам. Секогаш ќе има полеимики околу тоа кој требало да се најде на листата. Мораме да ја почитуваме слободата на новинарите да гласаат и нивната слобода на изразување“, заклучи голманот на Челзи.

- Advertisment -spot_img

Популарно

- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img