Tuesday, July 5, 2022
HomeСпортЕкс-играчот на Ливерпул категоричен: Бартомеу ја уништи Барса

Екс-играчот на Ливерпул категоричен: Бартомеу ја уништи Барса

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Хозе Енрике зборуваше за судбината во која живее Барселона, не така одамна најмоќен клуб во светот.

Поради финансиските проблеми, каталонскиот клуб е во опасност да испадне во групната фаза од Лигата на шампионите, а воопшто да не се пласира во неа идната сезона. Екипата има многу талент, но нема ниедна суперѕвезда и за враќање на старите патеки, ќе треба да поминат неколку години.

„Јасно е зошто Барселона се наоѓа во ваква ситуација. Сегашната управа открива работи кои се работеле зад кулисите. Како некој можел да даде 100 милиони евра за Дембеле и уште повеќе за Кутињо, а воопшто да не го искористи.

Барса направи многу чудни работи, го пушти Суарес речиси бесплатно, а на Гризман му даде астрономски договор иако сите знаеме дека Антоан не е ни пола квалитетен како Луис. Бартомеу ја уништи Барслона, Лапорта дојде да се обиде да поправи нешто, но тоа оди многу тешко“, изјави Енрике.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img