Wednesday, December 1, 2021
HomeСпортОва прераснува во агонија, еден од најдобрите играчи на Милан позитивен на...

Ова прераснува во агонија, еден од најдобрите играчи на Милан позитивен на корона

Милан го бие тежок малер во последните недели. Второпласираниот тим во Серија А кој ја започна сезоната многу подобро отколку што се очекуваше, соочен е со ужасни кадровски проблеми, па Стефано Пиоли се наоѓа во вистинска агонија кога станува збор за составување на тимот за утрешниот меч со Верона. Последен на списокот играчи на кои искусниот стратег нема да може да смета е Браим Дијаз, кој беше позитивен на денешните тестирања за коронавирус.

Пред само два дена, позитивен наод доби Тео Ернандез, кој се зарази за време на неодамнешните репрезентативни обврски, со што се приклучи на играчите кои повреда се надвор од стројот. Во овој момент тоа се Мајк Мењан, Алесандро Плизари, Алесандро Флоренци, Тјемуе Бакајоко и Жуниор Месијас.

Добра вест, која пристигна во текот на вчерашниот ден е што се опорави десниот бек Давиде Калабрија, а слично е и со Раде Круниќ, додека со тренинзи започна Ибрахимовиќ. Сепак, Швеѓанецот нема да биде во тимот.

Повредата на Браим Дијаз ќе направи дополнителни проблеми во тимот, па на Селемекерс и Ребиќ во офанзивниот дел од средниот ред би требало да им се приклучи Даниеле Малдини, додека во самиот шпиц ќе биде Жиру.

Изминатите денови се полемизираше за тоа, кого воопшто Пиоли ќе може да го стави во тимот против препородениот противник. Верона нема пораз четири кола во низа, а убедливата победа над Специја најави дека овој тим наскоро би можел да тргне во поход на горниот дел од табелата.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img