Wednesday, December 1, 2021
HomeМакедонијаМицкоски од Свети Николе: Глас за помалите партии е глас за Заев,...

Мицкоски од Свети Николе: Глас за помалите партии е глас за Заев, така се ситни опозицијата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот предизборен митинг во Свети Николе упати повик до разочараните гласачи и тие кои досега ги бојкотирале изборните процеси да излезат и да го дадат својот глас.

Мицкоски до оние кои досега бојкотирале и не го давале гласот за ниедна партија им порачува да не дозволуваат да пропадне нивниот глас.

– Некогаш неодговорната власт не е само последица на лошите особини на челните луѓе и првенците на власта, туку и поради игнорирањето и незаинтересираноста на добрите луѓе да учествуваат во политиката, тоа се луѓето кои одбрале да молчат кога требало да бидат гласни, да викаат, изјави Мицкоски.

Мицкоски ги повика да излезат за да се уверат дека не се сите исти, „дека ВМРО-ДПМНЕ се бори за подобра иднина и против криминалот на Зоран Заев, затоа што останувањето дома не вродува со плод”.

– Излезете на овие избори, излезете в недела на 17 октомври и поддржете не, поддржете го бројот 7, гласајте за ВМРО-ДПМНЕ и најголемата коалиција, коалицијата со народот, нагласи Мицкоски.

Според Мицкоски гласот за помалите партии е глас за Зоран Заев, бидејќи, како што рече, така се ситни опозицијата. Тој потенцираше дека тие помали партии се проект на Зоран Заев за да ја расцепка опозицијата и да остане на власт што е можно повеќе.

– Немам дилема дека тоа е повторно проект на Зоран Заев да направи делење на опозицијата со една цел, да остане уште некој месец повеќе за да може да крадат пусти пари и да останат на власт, рече Мицкоски.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img