Wednesday, December 1, 2021
HomeМакедонијаЗаев: Четири години му се оддолжуваме на Куманово со над 120 милиони...

Заев: Четири години му се оддолжуваме на Куманово со над 120 милиони евра од државниот буџет

Куманово 11 години беше игнорирана и заборавен општина од локалната власт. Не само што државата денар не вложи туку правеше се за да го блокира Куманово, да ја опструира работата на општината.

Ние тоа го сменивме драматично, решивме да му се оддолжиме на Куманово за пркосот, за храброста за одлучноста во борбата против режимот, порача вечерва претседателот Зоран Заев на завршниот настана на караванот „Најдоброто за мојата општина”

„За четири години од централниот буџет инвестиравме во Куманово колку што не беше вложено за 12 години. Нов Ургентен центар изградивме овде во Куманово, за да им служи на Кумановци но и на околу 200.000 граѓани од овој регион. Реализиравме и реконструкција на патот Куманово – Свети Николе, патот Куманово – Страцин, реконструкција на Искрин мост на река Пчиња а се работи и и на пругата Куманово – Бељаковце – Крива Паланка”

Инвестирано е во изградба на три училишни спортски сали, во економското училиште, во училиштето во Черкезе и третата сала е во техничкото училиште. 120 денари милиони одвоивме за Соколаната репрезентативниот спортски објект на Куманово.

Вложувавме и во канализации и водоводи, во реконструкција на локални патишта. Над 120 милиони евра вложивме во Куманово за овие 4 години, за да го надоместиме сето она што 11 години било игнорирано. Покажавме дека државата е тука за Куманово, државата е тука за општините, државата е тука за своите граѓани.” посочи Заев.

Тој најави дека во следните години, СДСМ и централната власт ќе ги поддржат сите проекти што значат уште позасилен развој на Куманово.

„Заедно со Оливер Илиевски, заедно со советниците од СДСМ и Коалицијата овде во Куманово во следните четири години ќе реализираме изградба на две нови детски градинки во населбите Тоде Ментол и перо Чичо, поврзување на булеварот Октомвриска револуција со автопатот Е – 7 и три нови катни гаражи во центарот на градот

И давам збор пред вас дека централната власт застанува зад овие проекти, застанува зад Оливер Илиевски. Затоа што Куманово го заслужува најдоброто а најдоброто е Оливер Илиевски, Најдоброто е Атина Мургашанска, Најдоброто е СДСМ и Коалицијата затоа во недела да гласаме за број 12 за Најдоброто” повика Заев.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img