Wednesday, December 1, 2021
HomeПопуларноПутин е загрижен поради зајакнувањето на Исламската држава во Авганистан

Путин е загрижен поради зајакнувањето на Исламската држава во Авганистан

Рускиот претседател Владимир Путин изрази загриженост за амбициите и силата на џихадистичката група Исламска држава во Авганистан, неколку дена пред дипломатските средби во Москва.

Делегација на новата влада од Кабул ќе пристигне во Русија на 20 октомври, а ден претходно ќе се обидат да постигнат заеднички став за авганистанското прашање со Кина, Пакистан и Соединетите држави.

Путин рече дека голем број „екстремистички и терористички“ групи се активни во северен Авганистан, вклучувајќи ги Исламската држава (ИД), Ал Каеда и Исламското движење на Узбекистан.

“Според нашите информации, има 2.000 борци на Исламската држава. Нивните шефови подготвуваат планови за ширење влијание во земјите од Централна Азија и руските региони, поттикнувајќи етнички и верски конфликти и ширење верска омраза”, рече тој на виртуелнио самит на земјите од ЗНД, организации од поранешните советски републики ..

Исламска држава – Хорасан (ИД -К), најрадикалната вооружена екстремистичка група во Авганистан, ја презеде одговорноста за серијата атентати чија цел е дестабилизација на емиратот прогласен од талибанците.

Русија е загрижена за ескалацијата по нападот и се плаши од дестабилизација на целата област јужно од Авганистан.

Путин оваа недела рече дека од Сирија и Ирак пристигнуваат закоравени џихадисти, а потоа руското Министерство за надворешни работи ја доведе во прашање способноста на талибанците да ги победат тие вооружени групи.

Москва ги смета талибанците за екстремистичка организација, но со години одржува односи со нив.

Талибанците треба да присуствуваат на првиот меѓународен состанок во Русија на 20 октомври, а се очекуваат и претставници на Кина, Иран, Пакистан и Индија.

Москва ќе биде домаќин на „Проширената тројка за мирно решение во Авганистан“ на 19 октомври, на која ќе се соберат Русија, САД, Кина и Пакистан.

Москва не очекува никаков „пробив“ на средбата со талибанците, но „јасно ќе ги изнесе своите барања до авганистанската делегација“, изјавил висок претставник.

Дваесет години откако беа протерани од САД, талибанците се вратија на власт во земјата по повлекувањето на американската војска.

Поранешниот СССР го окупира Авганистан 10 години, до неговото повлекување во 1989 година по крвавата војна.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img