Tuesday, August 9, 2022
HomeАвстралијаСтефан Ѓоргиевски се залага за почиста, поизградена и побогата Битола

Стефан Ѓоргиевски се залага за почиста, поизградена и побогата Битола

Македонецот од Мелбурн, Стефан Ѓоргиевски, кој по потекло е од Поешево, Битолско, деновиве е во кампања со полн капацитет каде го посетува избирачкото тело, жителите на Битола и ги посетува нивните домови, како и бизнисите во општина Битола.

Ние стапивме во контакт со г-динот Ѓоргиевски кој што за Фаланга изјави: „Јас како искусен маркетинг менаџер со долгогодишно искуство ја спроведувам мојата кампања очи во очи со жителите на општина Битола. На многу наврати сум пробал како кандидат на Интегра да го ислушам проблемите кои ги имаат и да им дадам одговор на нивните прашања што јас би допринел за овој крај.“

„Како прво, иако живееме во 2021 во нашата Битола жителите – мојот Македонски народ живее во бедни услови пред се поради патната инфраструктура, канализацијата е на ниско ниво, невработеноста е на се поголемо ниво, хигиената е на катастрофално ниво, се гледа дека корупцијата е во подем, воздухот е се позагаден, младите се иселуваат, културни настани се организираат се помалку, многу се ветува а малку се прави“, додаде Ѓоргиевски.

Стефан Ѓоргиевски апелира до чесните Македонци во општина Битола да не бидат политички поттрчковци и без страв свесно да гласат за број 20 за политичката партија Интегра – Македонска Конзервативна Партија.

„Битола јас тој глас ваш ќе го донесам на маса во општина Битола да се слушне и одговори на вашите барања. Доколку сум избран за советник на општина Битола јас платата која ја дават за советници од општината Битола ќе ја донирам секој месец на деца без родители, Сиромашни луге кој немат да платат струја или вода, На луѓе со посебни потреби кој им треба хитна помош. Што значи ќе се залагам 4 години да се слушне вашиот глас во општина Битола. Гласот од Битола и нашата Пелагонија и Пелистер.“ додаде Ѓоргиевски.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img