Wednesday, December 1, 2021
HomeЕстрадаСилјаноски: Совеста ќе ви биде чиста и нема никогаш да се покаете...

Силјаноски: Совеста ќе ви биде чиста и нема никогаш да се покаете што сте гласале за единствениот кандидат Македонец

Фејсбук статус на естрадниот уметник Спасен Силјаноски.

– Добро ви утро драги Кичевчани….
Ќе ми простите што во овие рани утрински часови, уште петлите не пропеани ќе си дозволам да напишам неколку реченици во пресрет на денешните избори…. Знам дека тоа нее моја работа, знам дека како многу пати во изминативе години од многумина ќе бидам осудуван, ќе бидам мета на напади, навреди, па дури и пцовки, но што да правам кога љубовта кон татковината и посебно кон мојот роден Град Кичево е посилна од се…
Ке замижам пред се но непоколебливо ќе го искажам она што го мислам и чувствувам…(барем нека не бидат залудни моите долги непреспани ноќи размислувајќи за иднината на нашата Татковина и нашиот град).
-Дом на секој човек е таму каде што му се мислите и душата без разлика каде моментално живееме. Таму каде што го поминал детството, таму каде што проодел, таму каде што прв пат се научил да вози велосипед, таму каде што прв пат се заљубил, таму каде што се погребани коските на нашите дедовци и прадедовци…. Дом на сите нас е Славното Кичево.
Бастион на патриотизмот, револуцијата и отпорот кон секој окупатор, докажано со факти низ историјата. Но за жал на сите ние кои го сакаме нашиот град, поради лошите политики во изминативе неколку мандати свесно го изгубивме.
Сега не е момент и време за анализа и за да го бараме виновникот, ќе го оставиме тоа на времето. Сега е момент во кој што треба да се обединат сите оние на кои што им значи нивниот град, посебно сите оние во кои што барем малку има останато нешто Македонско во нивните срца. Надминете ги вашите суети и предрасуди. Уништетеги тие политичко-партиски бариери.
Размислувајте единствено како Македонци. Размислувајте надпартиски.. Ве молам размислете…. Размислете за нашите деца, внуци, за нашите идни генерации во какво Кичево сакате да пораснат и да живеат. Вработувања, тендери, управни одбори, ситни пари заработени со прeмолчена сива економија…. Сето тоа е минливо. Со тоа историја не се пишува. Да размислиме за иднината. Да размислиме дали сакаме да живееме во Македонија и во Македонско Кичево.
Денес е денот “Д” во кој според сите анализи и анкети можеме да си го повратиме градот таму каде што припаѓа. Да го вратиме градот на оние кои гинеле за него, а не на оние кои пукаа на него. Да го обелиме образот на сите оние кои го дале својот живот за Кичево. Уште еднаш драги Кичевјани, драги Македонци ве молам немој да се пострамотиме самите.
Дајте го вашиот глас таму каде што припаѓате, изборот е само еден и изборот е само ваш….. Барем да се обидеме. И тоа значи нешто без разлика на крајниот исход. Но сметам дека совеста ќе ви биде чиста и нема никогаш да се покаете што сте гласале за единствениот кандидат Македонец….
Простете ми уште еднаш, бидете ми здрави и живи. Да живее Македонско Кичево.
- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img