Wednesday, December 1, 2021
HomeСветВо ново пукање на универзитет во Луизијана една жртва и седум ранети

Во ново пукање на универзитет во Луизијана една жртва и седум ранети

Едно лице е убиено а уште седум други се ранети, од кои од едно е во критична состојба, на Државниот универзитет Гремблинг во американската сојузна држава Луизијана во неделата, во вториот смртоносен инцидент на кампусот за помалку од една седмица.

Еден од ранетите е студент на универзитетот, објави тамошната управа на Twitter во врска со оружениот инцидент кој се одиграл околу 1 часот по локални време.

Во неделата беа откажани сите настани, а во понеделник и вторник нема да има предавањеа. Воведен е полициски час во траење од 21,30 до 6 часот на неодредено време, објави универзитетот.

Пукањето се случило само неколку дена откако маж кој не е студен застрала едно лице, коешто исто така не било студент пред зградата на студентскиот совет, објави универзитетот. Двајца студенти кои се обидеувале да избегаат од местото на инцидентот здобиле повреди кои не се опасни по животот.

Минатата среда универзитетската управа најави дека ќе ја зголеми безбедноста на кампусот по нападот.

Полицијата на Луизијана, која ги истражува двата случаи, наведува дека смета оти двата напада не се поврзани. Објави дека го идентификувале 18-годишниот Џејтавиус Карол, осомничен за нападот во средата. Полицијата побара помош во потрагата по осомничените за новиот напад.

Државниот универзитет Гремблинг е јавен историски црнечки универзитет во Гремблин во Лузијана.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img