Thursday, May 19, 2022
HomeСпортМурињо жесток кон своите играчи: Ги преценив нивните квалитети

Мурињо жесток кон своите играчи: Ги преценив нивните квалитети

Жозе Мурињо вечерва го доживеа најтешкиот пораз во својата тренерска кариера.

Екипата на Рома во мечот од Конференциската лига доживеа дебакл на гостувањето во Норвешка од екипата на Бодо Глимит, откако загуби со неверојатни 6:1.

По натпреварот Жозе Мурињо истакна дека вечерва пресудил квалитетот и дека неговите играчи немале квалитет како противникот.

„Нивниот прв состав е поквалитетен од нашиот резервен. Изгледа дека на секој натпревар морам да играм со истите играчи и да ги доведувам до изнемоштеност“, изјави Мурињо и додаде:

„Моја е одговорноста. Ги избрав овие играчи вечерва. Да играв со првиот состав, некој можеби ќе се повредеше и потоа ќе примевме четири или пет гола против Наполи. Таа одлука би била погрешна“, изјави „Специјалниот“.

„Кога пред четири или пет недели реков дека мораме да отидеме во Ватикан да се молиме за да немаме повреди, знам за што зборував“, вели Португалецот.

Тој истакна дека веројатно го преценил квалитетот на своите фудбалери.

„Не го потценив противникот. Знаев дека се силен тим, но ми се чини дека ги преценив своите играчи. Изгледаше како Солбакен да вози Мото ГП мотоцикл, а нашите играчи да возат велосипед. Во Рим Манчини и Виња ќе бидат подготвени за него“, додаде Мурињо.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img