Wednesday, December 1, 2021
HomeСпортЛажна тревога: Демантираа и ФИБА и Евролига и НБА

Лажна тревога: Демантираа и ФИБА и Евролига и НБА

Идејата за новото натпреварување кое ќе биде под покровителство на НБА, а за кое вчера информираше шпанскиот дневен спортски весник Марка, сепак, не постои.

Во текот на вчерашниот ден тоа го демантираше ФИБА, денеска истото го направи Евролига, а последна која се огласи е НБА преку својот портпарол.

„НБА има долгогодишна соработка со ФИБА со цел развој на кошарката низ светот преку иницијативи како „Кошарка без граници“ и НБА Африка. Исто така, со години играме претсезонски натпревари со екипи од Евролигата.

Како дел од нашата постојана соработка со двете заинтересирани страни, неодамна бевме повикани да учествуваме во дискусии за тоа како можеме да работиме заедно на развојот на кошарката во Европа. Се радуваме што ќе учествуваме и понатаму“, објасни портпаролот Марк Бас.

Во исто време, НБА соопшти дека комесарот Адам Силвер не упатил никаков писмо до директорот на Евролигата, Жорди Бертомеу.

ФИБА од своја страна објави дека работи на обединување на кошарката со НБА и Евролига, а Бертомеу рече дека не добил никакво известување за можно формирање на ново натпреварвање.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img