Wednesday, December 1, 2021
HomeСпортЈирген Клоп направи интересна споредба меѓу Салах и Роналдо

Јирген Клоп направи интересна споредба меѓу Салах и Роналдо

На денешната прес-конференција во пресрет на мечот со Манчестер Јунајтед, Јирген Клоп беше запрашан да ги спореди Мохамед Салах и Кристијано Роналдо.

„Никогаш претходно не сум размислувал за тоа. Секако, двајцата се играчи од светска класа, така стојат работите. Би рекол дека левицата на Роналдо не е лоша, но би додал дека на Салах е подобра. Од друга страна, Кристијано е подобар во скок играта, а има и подобра десна нога. Кога станува збор за брзината, двајцата се прилично брзи и имаат неверојатна желба да постигнуваат голови“.

За споредба, Салах оваа сезона постигна 12 гола на 11 одиграни меча. Од друга страна, Роналдо на своето конто има шест постигнати погодоци на девет натпревари.

Ливерпул во моментов се наоѓа на второто место на табелата во Премиер лигата, со пет победи и три ремија во осум одиграни натпревари. Пред нив е само Челзи, кој има бод повеќе. Дербито меѓу Ливерпул и Јунајтед се игра в недела од 17:30 часот.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img