Monday, January 17, 2022
HomeПопуларноМеркел за доаѓањето на Шолц како нов канцелар: Ќе спијам мирно

Меркел за доаѓањето на Шолц како нов канцелар: Ќе спијам мирно

Канцеларката ќе ја напушти функцијата по 16 години поминати на чело на германската влада, а нејзиниот конзервативен блок ЦДУ/ЦСУ ќе замине во опозиција. Социјалдемократите, кои веројатно ќе формираат влада со Либералите и Зелените, најавија дека сакаат до почетокот на декември Шолц да стане новиот канцелар

Германската канцеларка во заминување, Ангела Меркел, очекува „мирно да спие“, по нејзиното заминување од функцијата, на која ќе ја наследи социјалдемократот Олаф Шолц.

На прашањето што мисли за тоа што социјалдемократ наскоро повторно ќе ја предводи земјата, Меркел рече: „Се разбира, ќе има политички разлики. Но, ќе можам мирно да спијам“.

Шолц, чија партија досега беше во коалиција со блокот на Меркел – ЦДУ/ЦСУ, беше вицеканцелар и министер за финансии, па Меркел смета дека со идната влада предводена од него нема да има големи промени во фискалната политика на Германија.

„Како чувар на финансиите на земјата од 2018 година, Шолц не остави впечаток на политиката на ’олабавена чанта’‘“, рече Меркел.

Канцеларката ќе ја напушти функцијата по 16 години поминати на чело на германската влада, а нејзиниот конзервативен блок ЦДУ/ЦСУ ќе замине во опозиција откако на минатомесечните парламентарни избори го постигна најлошиот изборен резултат во историјата.

Нивните главни ривали на изборите, а досегашни коалициски партнери – социјалдемократите од левиот центар, водат преговори за формирање влада со Либералите и Зелените. Трите партии вчера најавија дека нивната главна цел е до почетокот на декември Шолц да ја преземе функцијата канцелар

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img