Wednesday, December 1, 2021
HomeПопуларноДимитар Ѓорѓиев е нов светски шампион во кик бокс

Димитар Ѓорѓиев е нов светски шампион во кик бокс

Најдобриот македонски кикбоксер, Димитар Ѓоргиев по шест години повторно ја врати светската шампионска круна во кик-бокс во свои раце. Ѓоргиев на Светското кикбокс првенство кое се одржува во Италија, стигна до златниот медал во дисциплината лоук-кик.

Македонскиот кикбоксер имаше извонредна финална борба победувајќи го Никола Дробњак од БиХ со 3:0, за нова светска круна. Претходно, како што е познато, Ѓоргиев во полуфиналето славеше и против Никола Николов од Бугарија.

За Димитар Ѓоргиев ова е четврто светско злато во кариерата уште еднаш потврдувајќи дека е еден од најдобрите светски кикбоксери. Претходно, со светската шампионска титула се закити на СП во 2011, во 2013 и во 2015 година. На светските првенства во 2017 и во 2019 година го освои бронзениот медал. Во својата кариера Ѓорѓиев има и европска шампионска титула од ЕП 2018, а на ЕП 2012 го освои сребрениот медал.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img