Wednesday, December 1, 2021
HomeПопуларноВо напад со дрон, САД го ликвидираа лидерот на Ал Каеда во...

Во напад со дрон, САД го ликвидираа лидерот на Ал Каеда во Сирија

Лидерот на Ал Каеда Абдул Хамид ал-Матар бил убиен со беспилотно летало во Сирија, објави американската војска два дена по нападот врз базата во Сирија на анти-џихадистичката коалиција предводена од САД.

„Отстранувањето на овој висок лидер на Ал Каеда ќе ја наруши способноста на терористичката организација да планира и изведува напади што им се закануваат на граѓаните на САД, нашите партнери и невините цивили“, изјави во петокот портпаролот на американската Централна команда (ЦЕНТКОМ), мајор Џон Ригсби.

Нападот со беспилотно летало се случи два дена по нападот на американска база во јужна Сирија, но Ригсби во писмената изјава не кажа дали нападот со беспилотно летало е извршен како одмазда, пренесува Ројтерс.

Нападот е извршен во регионот Солук, на северот на Сирија, кој е под контрола на Турција, пишува агенцијата АФП.

„Не утврдивме дека има цивилни жртви во нападот, кој беше извршен од дрон MQ-9“, се вели во соопштението.

Ал Каеда продолжува да им се заканува на Соединетите Држави и нивните сојузници и „ја користи Сирија како база за повлекување за да се прегрупира и координира со своите ограноци и да планира операции во странство“, рече Ригсби.

Кон крајот на септември, Пентагон елиминираше „уште еден висок лидер на Ал Каеда“ во Сирија, Салим Абу-Ахмад, за кој рече дека е одговорен за „планирање, финансирање и одобрување трансрегионални напади“ извршени од организацијата.

Околу 900 американски војници се распоредени во североисточна Сирија и соработуваат со Демократските сириски сили (ФДС) и во базата Ал Танф на југ во близина на Ирак и Јордан.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img