Wednesday, January 20, 2021
Home Македонија Мицкоски: Заев да се извини и да си поднесе оставка

Мицкоски: Заев да се извини и да си поднесе оставка

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашниот протест од пред владата побара јавно извинување од премиерот Зоран Заев за своите ставови изнесени на бугарски медиум и за како што кажа Мицкоски, навредите врз македонските граѓани и нашите предци и херои. Мицкоски, исто така, побара и оставка од Заев.
„Има работи коишто се свети, има работи коишто не се предмет на пазарење за секој со нормален ум и разум. Затоа постојат државите, тоа нѐ прави посебни и тоа е дел од нашиот идентитет. Премногу молчевме! Премногу бевме со наведната глава, но сега е времето кога треба да ја кренеме главата и да кажеме доста е! Време е Македонците повторно да се борат и изборат за својте правдини! Совршено е јасно дека Заев не може да испорача ништо добро за својата држава и мора да си оди. Затоа, бараме итна и неотповиклива оставка од Заев! Оставка! Оставка на Заев, слобода на народот! Во народот е силата и затоа ќе продолжиме. Ги повикуваме сите да излезат на улиците, а утре со целосно почитување на мерките препорачани поради корона кризата ќе организираме блокади во слободарско Куманово, Тетово, Кавадарци, Прилеп, Битола и Охрид. Заедно до крај. Македонија е жива. Ги издржала фашистите. Ќе го победиме и ова зло кое нѐ снајде, сите заедно, и старо и младо, и браќа и сестри, и граѓани и граѓанки. Сите ние сме Македонија, и сите заедно ќе победиме“ беше речено на протестот пред владата.
   
 

Популарно