Thursday, January 21, 2021
Home Свет Војници на Азербејџан ги уништуваат ерменските гробишта

Војници на Азербејџан ги уништуваат ерменските гробишта

Азербејџанските војници уништуваат ерменски гробишта во областите во кои презедоа контрола во регионот Нагорно – Карабах.

Видео со ваква содржина се појави на интернет.

Се слуша смеењето на лицето кое снима, а контроверзното видео беше објавено на социјалната мрежа „ТикТок“.

„Ова е причината зошто Ерменците понесоа со себе и надгродни плочи и телата на своите најблиски при напуштањето на Карабах“, изјави локален жител за тамошните медиуми.

Во регионот неколку седмици имаше воени дејствија, по што е потпишан мировен договор.
Пред да си заминат, Ерменците ги палеа своите куќи, но и ги откопаа покојните, за да нема сквернавење.

 

Популарно