Tuesday, January 25, 2022
HomeСветКина ги повика граѓаните да подготват залихи од храна

Кина ги повика граѓаните да подготват залихи од храна

Кинеската Влада им порача на граѓаните да подготват залихи од храна и други потреби за домаќинството во случај на вонредна состојба по невообичаено обилните дождови кои предизвикаа зголемување на цените на зеленчукот и во момент на пандемијата со Ковид-19 во светот.

Во синоќешното соопштение од Министерството за трговија се повикани локалните власти да обезбедат редовно снабдување и стабилни цени и навреме да ги предупредат граѓаните за сите проблеми и прекини во снабдувањето.

Централната влада обично прави дополнителни напори за зголемување на понудата на свеж зеленчук и свинско месо во пресрет на најважниот празник во Кина, Лунарната Нова година, кој се слави на почетокот на февруари следната година. Но, оваа година, тие напори се уште поитни бидејќи екстремните и невообичаени временски услови на почетокот на октомври ги уништија посевите во Шандонг, регион кој е во првите редови во одгледувањето зеленчук. Дополнително, ширењето на коронавирусот на териториите од северозапад до североисток на земјата се заканува дополнително да го наруши снабдувањето со прехранбени производи.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img