Monday, January 17, 2022
HomeМакедонијаГруби: На државата и треба стабилност, оставката на Заев е избрзана

Груби: На државата и треба стабилност, оставката на Заев е избрзана

Албанскиот блок бара Зоран Заев да ја преиспита својата одлука за оставка на премиерската функција. Тие на попладневната средба му порачале дека одлуката е избрзана и непотребна.

Коалициските партнери на СДСМ бараат Зоран Заев да ја преиспита својата одлука за оставка на премиерската функција, како и од позицијата лидер на СДСМ. Тие на попладневната средба со Заев на „Илинденска“ му порачале дека одлуката е избрзана и непотребна.

„Сите коалициски партнери беа против оставката на Заев, затоа што сметаме дека таа беше избрзана и дека треба да се продолжи со политиките на Владата, затоа што граѓаните тоа го очекуваат“, изјави вицепремиерот Артан Груби од ДУИ по средбата.

Тој информираше дека на средбата била искажана недвосмислена поддршка за политиките на Владата и на премиерот за продолжување на реформската агенда. „Сметаме дека само оваа влада може да го реши спорот со Бугарија и да ги отвори пристапните преговори со ЕУ“, дециден е Груби, кој додаде дека „не смееме да си дозволиме авантури и како граѓани и како држава“. Тој потврди дека лидерот на партијата, Али Ахмети и синоќа, но и денеска разговарал со Заев со намера да го убеди дека неговата оставка е погрешна.

„На државата и треба стабилност, предвидливост и партнерство со ЕУ“, вели Груби, кој е загрижен дека заминувањето на Заев може да влијае и на меѓуетничките односи во земјата, но и на имплементацијата на Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство со Бугарија, но и на македонските евроинтеграции.

И Аријанит Хоџа од партијата БЕСА, по средбата со премиерот Зоран Заев во Владата изјави дека сите ја потврдиле поддршката на парламентарното мнозинство и не се согласуваат со одржување предвремени парламентарни избори.

„Покажавме дека мнозинството е стабилно и дека треба да продолжи. Сметаме дека процесите што би воделе до избори би биле тешки за економската и друга состојба во државата. Коалицијата има мандат од пред една година и легитимитетот од последните парламентарни избори е доволен да се продолжи и да се оствари тоа што сме го презеле како одговорност. Се наоѓаме во многу деликатен момент и потребно е да продолжи мнозинството“, рече Хоџа.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img