Wednesday, December 1, 2021
HomeБалканВо Белград состанок на иницијативата Отворен Балкан

Во Белград состанок на иницијативата Отворен Балкан

Во Белград денеска и утре ќе се одржи состанок на иницијативата Отворен Балкан. По оставката на премиерот Зоран Заев, најавено е дека на средбата во Белград ќе учествува вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров. Според албанските медиуми премиерот на Албанија Еди Рама денеска ќе допатува во Белград на средбата чиј домаќин е претседателот на Србија Александар Вучиќ. Отворен Балкан е регионална иницијатива за соработка која ги вклучува Србија, Албанија и Северна Македонија, порано позната како мини-Шенген.

Иницијативата го промени името во Отворен Балкан кон крајот на јули, на состанокот во Скопје на кој присуствуваа лидерите на трите земји, Еди Рама, Зоран Заев и Александар Вучиќ. Потоа беше договорено од 1 јануари 2023 година, граничните контроли меѓу Србија, Северна Македонија и Албанија да бидат укинати. Потпишани се три документи – Меморандум за разбирање за соработка за олеснување на увозот, извозот и движењето на стоки во Западен Балкан, Меморандум за разбирање за соработка за слободен пристап до пазарот на труд во Западен Балкан и Договор за соработка во случај на катастрофи.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img