Monday, January 17, 2022
HomeПопуларноНа Бајден и Демократите им е потребен Доналд Трамп

На Бајден и Демократите им е потребен Доналд Трамп

Изборите за гувернер во Вирџинија покажаа колку им е тешко на Демократите да ги мотивираат своите гласачи кога омразениот лик Доналд Трамп повеќе не игра улога, коментира Инес Пол.

За претседателот Џо Бајден нештата не може да бидат полоши. Неговите големи изборни ветувања ги блокираат Републиканците, но и во неговата матична партија изгледа не успева да обезбеди потребно мнозинство за да ги спроведе своите буџетски планови.

Надежта дека претседателот кој е навистина стар, но токму поради тоа и доста искусен, ќе успее да ја обедини радикализираната земја, полека умира – и тоа по само неполна година откако Џо Бајден беше избран на претседателската позиција.

Нема место за Трамп на бината

А сега уште и горчливиот изборен неуспех во Вирџинија. Сојузната држава во која на Џо Бајден на претседателските избори му успеа да го победи Доналд Трамп со десет проценти разлика, сега му припадна на Републиканецот Глен Јангкин. Бизнисмен кој повеќе сака да се претставува како аутсајдер и човек кој нема никаква врска со политичката елита. Изборните порази се секогаш горчливи. Но, причината зошто овој пораз е посебно алармантен за Демократите има име: Доналд Трамп.

Извонредно е како Јангкин успеа да го држи на дистанца поранешниот претседател без да ги отфрли него или неговите поддржувачи. Ја прифати неговата поддршка, но на елегантен начин го исклучи од изборната кампања. Актуелниот гувернер, Демократот Тери МекАлиф на неговите настапи се потпираше на партиските величини како Барак Обама или Џо Бајден. Јангкин пак се погрижи Трамп ниту еднаш да не стапне во сојузната држава. Со оглед на тоа дека и понатаму е блокиран на Твитер и Фејсбук, Трамп немаше никаква улога ни во онлајн кампањата.

Секако Јангкин и ова го направи пресметано. И математиката му успеа. Тој повторно ги придоби републиканските гласачи кои Трамп ги разлути и разочара – семејствата кои живеат во предградијата, жените и бизнисмените. Му успеа да ги мотивира Републиканците со класична конзервативна програма која содржи расистички концепти на општеството. Расштиманата администрација на Бајден во соседен Вашингтон секако не наштети на резултатот.

Недостига омразениот непријател кој обединува

Сосем поинаку стојат нештата на страната на Демократите. Разочарувањето околу потфрлањето на Белата куќа парализира. Заморуваат и постојаните битки на разни крила во партијата кои се чини повеќе се занимаваат сами со себе отколку со управувањето на државата. Во оваа кампања пред сѐ недостигаше таа една омразена фигура која сите ги обединува – Доналд Трамп. Без заедничкиот непријател Демократите се без компас.

Вирџинија има еден победник и двајца губитници – Републиканците од една страна и Демократите и Трамп од друга страна. Ако Републиканците се освестат за нивните демократски корени и храбро и мудро го искористат моментумот, може да кренат рачна кочница за Трамп. Тој сѐ уште е многу силен за да му се наметнат, но Вирџинија покажа дека победа е можна и без него. За Демократите – барем во моментов – важи спротивното.

Извор: Дојче Веле

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img