Monday, May 16, 2022
HomeСветУнгарија призна дека го купила системот за прислушкување „Пегаз“

Унгарија призна дека го купила системот за прислушкување „Пегаз“

Шефот на комисијата за одбрана и внатрешни работи на унгарскиот Парламент вчера призна дека Министерството за внатрешни работи го купило контроверзниот израелски софтвер за надгледување „Пегаз”.

Тајните служби и полицијата „во сите случаи постапуваа во согласност со законот”, истакна вчера Лајош Коса, шеф на парламентарната комисија за одбрана и внатрешни работи во Будимпешта.

Секоја шпионажа со помош на „Пегаз” била одобрена од судии или од Министерството за правда, објасни тој по состанокот на парламентарната комисија, пренесува унгарската државна новинска агенција МТИ.
Пратениците на одборот го испрашуваа министерот за внатрешни работи Шандор Пинтер за употребата на „Пегаз”. Деталите за комисиската расправа ќе се чуваат во тајност до 2050 година.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img