Wednesday, December 1, 2021
HomeСпортСтатистиката открива дел од она што навивачите му го замеруваат на Солскјер

Статистиката открива дел од она што навивачите му го замеруваат на Солскјер

Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ забележа пораз од Манчестер Сити со 0:2 во натпревар кој се играше во рамките на 12 коло од Премиер лигата.

Поразот беше веќе четврти за Јунајтед во 11-тиот натпревар сезонава, но и осми кој екипата предводена од Солскјер го претрпе во 2021 година. Такво нешто на „Црвените ѓаволи“ за последен пат им се случило во 1989 година.

Особено по мечот се истакнува и дека Јунајтед со Солскјер на клупата го претрпе 13-тиот домашен пораз во 55-тиот натпревар, односно дека под водство на норвешкиот тренер клубот запиша дури 21 процент од сите домашни порази во својата историја.

Токму тој дел е причина поради која голем број навивачи на Манчестер Јунајтед се почесто заговараат заминување на актуелниот менаџер и бараат негова смена.

На овој меч Сити имаше 753 додавања, што е најмногу за еден клуб против Јунајтед во последните 19 сезони, односно откако Опта води статистика.

Исто така, ова беше 14-ти последователен натпревар во кој Јунајтед примил гол, што е пак најдолгата низа уште од 1958/59, а подеднакво е поразителен податокот дека голманот на домаќините Давид де Геа мораше повеќе пати да интервенира поради пренасочување на топките од своите соиграчи отколку што тие имаа удари во рамките на голот на Сити. Единствениот таков удар го упати Кристијано Роналдо.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img