Во емотивен стил Секо ја промовираше песната „Слатка Печалба“ во која што се раскажува тажна печалбарска приказна која ги допира срцата на сите оние кои од Македонија заминале и наше подобар живот во страство.
Не постои човек од Македонската дијаспора кој што не е допрен од емотивниот текст, како и спотот на најновиот хит на Секо.
Комплетен автор на песната е познатиот композитор и инструменталист Златко Миладиноски, а како гости во видеото се појавуваат познатиот зурлаџија Џељо Дестановски, Кристијан Николов (гитара) и Роберт Веселиновски (тапан). Спотот е реализиран во соработка со “Арт студио”.
Освен во убавата мелодија и впечатливите зборови, гледачите ќе можат да уживаат и во прекрасните и живописни есенски пејсажи на Козјак… Предели во кои сеуште одекнуваат и некои дамнешни, тажни и недоречени печалбарски приказни…
Оваа песна најверојатно ќе биде хит меѓу Македонските иселеници низ Канада, Америка, Австралија и Европа и ќе пеана на голем број на Македонски свечености како што се свадбите, балови, концерти и родендени.
Ние од порталот Фаланга му посакуваме на Секо преку музиката своите соништа да ги претвори во реалност.
Погледнете го видеото и слушнете ја песната: