Tuesday, January 25, 2022
HomeСветРусија не очекува напредок во преговорите со САД

Русија не очекува напредок во преговорите со САД

Русија денес соопшти дека не очекува напредок во преговорите со САД во следните недели за прашањата кои ги вклучуваат визите и обемот на функционирање на амбасадите.

Откако меѓусебните врски се на најниско ниво по Студената војна, Москва и Вашингтон се во спор околу бројот на дипломати кои можат заемно да ги испратат, иако Русија кажа дека е спремна да ги укине ограничувањата воведени во последните години.

Заменикот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Рјабков кажа денес дека за време на неодамнешните контакти со Вашингтон двете страни повторно ги изнеле од претходно познатите ставови, но и дека нова рунда преговори ќе се одржи во следните недели во трета земја.

„Нема напредок и изгледа дека не се ни очекува“, ги пренесе Интерфакс зборовите на Рјабков.

Тој кажа и дека следната рунда американско-руски преговори за стратегиската стабилност би можела да биде одржана во јануари.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img