Wednesday, December 1, 2021
HomeАвстралијаАеродромот во Сиднеј се продава за 17,5 милијарди долари

Аеродромот во Сиднеј се продава за 17,5 милијарди долари

Аеродромот во Сиднеј денеска соопшти дека се согласил на понуда за преземање од 17,5 милијарди долари од австралиски инвестициски конзорциум само неколку дена по повторното воспоставување меѓународни патувања.

Одборот на директори на аеродромот едногласно ја одобри продажбата на Сиднеј Авиејшн Алијанс (Sydney Aviation Alliance) – конзорциум од инфраструктурни инвеститори и австралиски пензиски фондови – и препорача акционерите да гласаат „за“.

Алијансата понуди 8,75 долари по акција, или 23,6 милијарди австралиски долари (17,5 милијарди американски долари), откако претходните понуди во последните месеци беа одбиени како премногу ниски.

– Денешното соопштение е кулминација на повеќемесечниот ангажман меѓу сите страни, се вели во изјавата на претседателот на аеродромот во Сиднеј, Дејвид Гонски.

– Управниот одбор на аеродромот во Сиднеј верува дека резултатот ја одразува соодветната долгорочна вредност за аеродромот, додаде тој.

Соопштението доаѓа по делумното повторно отворање на меѓународната граница на Австралија, речиси 600 дена по почетокот на едно од најтешките затворања на границите во светот поради пандемијата.

Продажбата на аеродромот подлежи на одредени услови, вклучително и независна експертска проценка.

Се очекува акционерите да го разгледаат договорот на состанокот во првиот квартал на 2022 година, а за одобрување е потребно мнозинство од 75 процент.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img