Wednesday, December 1, 2021
HomeСпортДе Бруин: Тактички, само 10 минути се подготвуваме за мечот со Јунајтед

Де Бруин: Тактички, само 10 минути се подготвуваме за мечот со Јунајтед

Една од ѕвездите на Манчестер Сити, Кевин Де Бруин, даде по малце потценувачка изјава во однос на добиеното дерби против „црвените ѓаволи“ минатиот викенд во Премиерлигата.

Како што знаеме, Сити го доби Јунајтед во градското дерби со 2:0, а доколку Де Геа на беше присебен и на висина на задачата, тој резултат ќе беше идентичен како и оној против Ливерпул.

„Обично ден пред натпреварот кога вообичаено имаме натпревар, подготвуваме тактика против противникот. Пеп ни рече не знаеме како ќе играат, ќе видиме. На тактиката престанавме да се подготвуваме веќе по 10 минути. Пеп не беше сигурен дали Јунајтед ќе игра со пет назад или со четири дефанзивци, но на крајот ги победивме“, порача Де Бруин.

Ваквата изјава во британските медиуми може да се протолкува и како благо алудирање на победата во дербито и провокација до навивачите на Манчестер Јунајтед, но едноставно така и се подготвувале, па на крајот го победија градскиот ривал.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img