Monday, January 17, 2022
HomeМакедонијаВладата се спаси, ама не и мнозинството, следи ли реконструкција?

Владата се спаси, ама не и мнозинството, следи ли реконструкција?

Проценките се дека е можно Алтернатива (4 пратеници) да влезе како нов партнер во Владата, со што и парламентарното мнозинство би „пораснало“ на 63 или на 64 члена, во зависност од позицијата што ќе ја одбере Кастриот Реџепи
Владаата на Зоран Заев вчера не ни помина низ тест на доверба во Собранието, а седницата што беше закажана за таа цел заврши без гласање и без утврдување на дневниот ред, бидејќи опозицијата не успеа да обезбеди кворум во салата, поради отсуството на пратеникот на Беса, Кастриот Реџепи.

Пратениците од мнозинството вчера воопшто не се појавија во собраниската сала, со исклучок на спикерот Талат Џафери, кој ја отвори и ја затвори седницата, а во меѓувреме претседвањето со неа му го довери на потпретседателот на парламентот од редовите на Беса, Фадил Зендели.

Околу полноќ, кога Џафери ја затвори седницата, членовите на Владата кои единствени беа во салата си честитаа меѓусебно, но меѓу нив не беше единствениот министер од Беса – Адријанит Хоџа. Тој за денеска најави оставка на функцијата, со што би се испразнило министерското место во земјоделство, а доколу тоа значи и дефинитивно излегување на Беса од владејачката коалиција тогаш досегашната владејачка постава во Собранието, практично, останува без мнозинска поддршка во Собранието, односно со 59 или со 60 пратеници, во зависност од тоа кон која страна би се приклонил пратеникот Кастриот Реџепи, кој вчера го осуети обидот на опозицијата да и изгласа недоверба на Владата.

Проценките во политички кругови се дека е можно Алтернатива (4 пратеници) да влезе како нов партнер во Владата, со што и парламентарното мнозинство би „пораснало“ на 63 или 64 члена (повторно во зависност од позицијата што ќе ја одбере Реџепи), наспроти 62 гласа со кои досега располагаше владејачкиот табор во парламентот.

Проценките во политички кругови се дека е можно Алтернатива (4 пратеници) да влезе како нов партнер во Владата, со што и парламентарното мнозинство би „пораснало“ на 63 или 64 члена (повторно во зависност од позицијата што ќе ја одбере Реџепи), наспроти 62 гласа со кои досега располагаше владејачкиот табор во парламентот.

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, вчера во гостување на ТВ 21 не отфрли можност за влегување во Владата.

Неговата партија партиципираше во претходниот кабинет на Заев, пред парламентарните избори во 2020 година, на кои Алтернатива настапи во коалаиција со Алијансата за Албанците, додека Беса имаше заеднички настап со СДСМ.

Во очекуваните преговори меѓу Заев и Гаши за приклучување на Алтернатива кон Владата прашање е дали Алтернатива ќе ја замени Беса во Министерството за земјиделство или ќе и припадне некој нов ресор, што, всушност, повлекува, одредена реконструкција на владиниот кабинет. Сепак, првилните најави се дека нема да се прават поголеми промени, односно дека нема да се оди на промена на повеќе од една третина од министрите или ресорите, зашто тоа би отворило процедура како за избор на нова Влада.

Во меѓувреме, Централниот одбор на СДСМ, на седницата пред два дена, практично ги замрза оставките што Заев ги најави на премиерската и на лидерската позиција во партијата, по вториот изборен круг. Оставките, како што беше речено, се одложуваат додека не се нормализираат процесите во државата.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img