Tuesday, November 30, 2021
HomeСпортКарагер откри зошто Ливерпул не успеа да ја освои Премиер лигата со...

Карагер откри зошто Ливерпул не успеа да ја освои Премиер лигата со него и Џерард

Џејми Карагер е легенда на Ливерпул, но исто како и Стивен Џерард, нема освоено титула во Премиер лигата.

Екипата во тоа време имаше квалитет и тоа е неоспорно, доказ за тоа е и освоената титула во Лигата на шампионите, но трофејот во Премиер лигата секогаш им бегаше, а Карагер ја знае причината за тоа.

„Ние завршивме втори во сезоната 2001/02, а после Мундијалот 2002 година клубот купи тројца играчи и сите беа катастрофални. Ел Хаџи Диуф, Салиф Диао и Бруно Шејру дојдоа на Енфилд. Не одеше како што треба и направивме чекор наназад. Истото се случи во 2009 година со Рафа. Дојдовме на Олд Трафорд, победивме со 1:4, завршивме втори и останавме без Чаби Алонсо, но ги купивме Аквилани и Глен Џонсон“, изјави Карагер.

Од друга страна, ситуацијата сега е многу поинаква на „Енфилд Роуд“. Ливерпул не троши многу пари на засилувања, но оние кои ги доведува за поголема сума се полн погодок. Затоа „Црвените“ лани по пауза од 30 години ја освоија Премиер лигата сосема заслужено, а и во оваа се едни од фаворитите.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img