Tuesday, January 26, 2021
Home Балкан Каракачанов: Има надворешни фактори кои се обидуваат да не разубедат

Каракачанов: Има надворешни фактори кои се обидуваат да не разубедат

Бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов во своето денешно телевизиско интервју вели дека Бугарија ќе продолжи да ги штити своите национални интереси и покрај тоа што, како што рече, постојат надворешни фактори кои се обидуваат да го разубедат бугарскиот државен врв да ја тргне блокадата за Македонија.

– Не можам да кажам дека имаме притисок за да го смениме мислењето, но ќе кажам дека има надворешни фактори што не разубедуваат, иако мене лично не. Не верувам дека ниту Борисов ќе ја свие опашката, заклучи Каракачанов.

На одредени земји во ЕУ им одговара Македонија да е дел од Унијата поради геостратешки интереси, но министерот за одбрана смета дека тоа нема да може да се случи преку занемарување на бугарските интереси.

– Не сметам дека сме неразбрани од страна на европските партнери. Бугарија никогаш не давала безрезервна поддршка. Ние кажавме во Скопје дека ако Договорот не се почитуваме, нема влез во ЕУ, тврди тој.

Популарно