Wednesday, December 1, 2021
HomeСпортКонкуренцијата е се посилна: И европскиот првак е можен ривал на Македонија

Конкуренцијата е се посилна: И европскиот првак е можен ривал на Македонија

По Португалија, од вечерва и Италија е еден од потенцијалните противници на македонската репрезентација во баражот за пласман на Светското првенство во Катар.

Актуелниот европски шампион одигра без голови на гостувањето кај Северна Ирска, па Швајцарија ја искористи шансата и со победа против Бугарија од 3-0, го освои првото место во групата. Сега до израз дојде оној промашен пенал на Жоржињо на претходниот меч, против Швајцарија на домашен терен.

Сега се оознати четири можни ривали на Македонија во баражот: Португалија, Шкотска, Италија и Русија. Утре ќе е знае дали во конкуренција ќе останат Шведска и Полска или на местото на еден од нив ќе влезе Велс.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img