Wednesday, December 1, 2021
HomeБалканКаракачанов поднесе оставка во партијата

Каракачанов поднесе оставка во партијата

По лошиот резултат на парламентарните избори, Красимир Каракачанов денеска поднесе оставка од позицијата претседател на бугарската партија ВМРО.

Тој соопшти дека по анализата на изборните резултати, тој и целото раководство одлучиле да поднесат оставка и да се закаже Конгрес на кој ќе се бира ново раководство.

Ова значи дека покрај Каракачанов, оставка поднесуваат и потпретседателите Ангел Џамбаски, Искрен Веселинов, Атанас Стојанов и Милен Михов.

Инаку, Стојанов беше уапсен и задржан во полициска станица 24 часа поради изборен поткуп.

– Ги повикуваме бугарските политички партии, застапени во Народното собрание, да не отстапуваат од заштитата на бугарските интереси во Македонија, напиша Каракачанов на Фејсбук.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img