Wednesday, December 1, 2021
HomeСпортПике проговори за „правилата“ на Чави за кои зборува цела Европа

Пике проговори за „правилата“ на Чави за кои зборува цела Европа

Чави Ернандез неодамна беше избран за тренер на Барселона, а многу од шпанските медиуми објавија дека тој веднаш се решил на радикални чекори и правила, кои ќе ги воспостави за поголема дисциплина во клубот.

Чави се враќа во клубот по неколку години, беше претставен, потпиша договор со Барса и сега е ред на него да покаже резултати.

Барселона не блеска оваа сезона и игра далеку од она што се очекува за нивните стандарди, но Чави верува дека може овој тим да го врати на славните европски патеки.

Шпанските медиуми веднаш брифаат за неговите нови правила. Чави веднаш го сменил лекарскиот тим во првата екипа, но и стручниот штаб каде донесе свои соработници од Ал Сад.

Но она за што најмногу се зборува овие денови се правилата на Чави кои наводно веќе ги вовел кон играчите. Тука најмногу се спомнуваше Жерар Пике за кој беше врзано едно правило.

Каталонски СПОРТ објави прв дека Чави му забранил на Пике приватни патувања за време на сезоната, а посебно кога се повредува или кога се опоравува. Наводно и минатата недела му забранил гостување во една емисија на шпанска телевизија.

„Луѓето лесно и премногу веруваат во она што ќе го прочитаат или слушнат во медиумите и тоа им создава заблуда. Правилата кои Чави наводно ги воведе се токму една од тие работи, тоа се медиумски измислувања“, порача Пике.

Сепак, јасно е дека Чави сака да воведе серија на новитети во клубот, но планира тоа да го остави далеку од љубопитните очи и уши на информативните агенции во Шпанија.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img