Tuesday, November 30, 2021
HomeПопуларноМакрон и Путин: потребна е деескалација на миграциската криза во Белорусија

Макрон и Путин: потребна е деескалација на миграциската криза во Белорусија

Францускиот претседател Емануел Макрон и рускиот претседател Владимир Путин се согласија за потребата од деескалација на мигрантската криза на границата со Белорусија, иако двајцата лидери не се согласуваат за потеклото на кризата, изјави вчера официјален претставникна Елисејската палата. „Целта на овој повик беше да се стави крај на оваа криза“, изјави советникот на Макрон за новинарите по телефонскиот разговор од 1 час и 45 минути што го започна Макрон.

„Во однос на миграциското прашање, дури и ако нема конвергенција за потеклото на актуелната криза на границата со Белорусија, Владимир Путин му рече на претседателот дека ја разбира потребата да се стави крај на тоа, пред сè поради човечката пристојност спрема мигрантите кои се инструментализираат“, рече советникот. ЕУ вели дека Москва има улога во создавањето миграциски притисок и може активно да помогне во ублажувањето на истиот.

Во соопштението на Кремљ се наведува дека Путин го информирал Макрон за неговите контакти со белорускиот претседател Александар Лукашенко и „ја истакнал потребата од директен дијалог меѓу раководството на ЕУ и белоруското раководство“ за мигрантската криза. Путин, исто така, укажал на „исклучително грубиот третман на полските граничари кон мигрантите“, наведе Кремљ.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img