Wednesday, December 1, 2021
HomeПопуларноОдржан виртуелен самит меѓу претседателите на САД и Кина

Одржан виртуелен самит меѓу претседателите на САД и Кина

Претседателите на САД и Кина, Џо Бајден и Си Џинпинг, го одржаа долгоочекуваниот виртуелен самит. Американскиот претседател ја нагласил потребата од заштитни потези за да се избегне конфликт меѓу двете земји, додека Џинпинг се заложил за подобра комуникација, пренесоа денеска светските агенции. Самитот се одржа во услови на спорови меѓу Вашингтон и Пекинг за Тајван за трговијата и прашањата за човековите права.

„Кина и САД треба да ја подобрат комуникацијата и соработката“, изјави Џинпинг, додавајќи дека е „среќен“ што се сретнал со „стар пријател“ за прв пат преку видео врска, бидејќи претходните разговори биле телефонски. Белата куќа соопшти дека очекувањата од средбата не се големи и дека тие не треба да доведат до конкретни резултати. Кинеската дипломатија во понеделникот објави дека двајцата претседатели ќе имаат „чесна, длабока и сеопфатна размена на мислења“ за билатералните односи, кои се среќаваат на „критичен крстопат“.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img