Wednesday, December 1, 2021
HomeСпортДани Алвес ќе го враќа Меси во Барса: Дајте ми само два...

Дани Алвес ќе го враќа Меси во Барса: Дајте ми само два часа и ќе завршам работа

Дани Алвес мина низ своето второ претставување во Барселона. Премиерно тоа се случи пред 13 години, кога имаше 25 години, а сега во клубот се враќа во завршна фаза од кариерата, подготвен да му помогне на клубот кој се најде во проблеми. Тој беше претставен пред повеќе од 10.000 гледачи на „Камп Ноу“.

„Една работа не е променета, а тоа е мојата желба. Имам нешто помалку коса. Знам со што можам да придонесам. Можам да помогнам на теренот, но и надвор од него, со создавање на синергија меѓу клубот и навивачите. Таа може да ни помогне да го промениме резултатот“, изјави Алвес и додаде дека не смета дека е престар да игра во Барса.

„Годините се само бројка. Има многу одлични играчи кои играат на највисоко ниво и тоа е мојата цел. Го докажав тоа и на Олимписките игри. Луѓето ќе го очекуваат најдоброто од мене и тоа и ќе го добијат. Не сум роден за да бидам втор, туку прв, и не сум тука за да убивам време. Дојдов за да се борам за својата позиција и да играм. Своето место во екипата ќе го заслужам“.

Меѓу прашањата на новинарите се најде и она за Лионел Меси. Двајцата минаа години играјќи заедно за Барселона. Аргентинецот си замина во текот на летото, а Бразилецот сега се врати.

„Враќање на Меси? Дајте ми два часа и ќе го вратам“, се пошегува Алвес и додаде:

„Историјата веќе е запишана и засекогаш ќе се памети. Тој е најдобриот играч и за мене соиграч од соништата. Нормално е да ни недостасуваат некои поранешни играчи. Ќе биде одлично да се врати и јас посакувам такво нешто. Ако ми дозволи, ќе направам се за да го вратам тука. Но, сега приказната е поинаква. Додека се сеќаваме на великаните од минатото, мораме да се потпреме на силите кои се тука да ја вратат славата на клубот“.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img