Wednesday, December 1, 2021
HomeСветПолска привела 100 мигранти на границата

Полска привела 100 мигранти на границата

Полската војска денеска соопшти дека привела група од околу 100 мигранти кои во текот на минатата ноќ ја преминале границата со Белорусија. Полската војска ги обвинува белоруските вооружени сили дека командувале со оваа операција, пренесува АФП.

До инцидентот доаѓа додека Белорусија, која вели дека сака да ја смири кризата на границата, се подготвува за лет за враќање на 200-300 мигранти во Ирак.

Илјадници мигранти, најголемиот ден од нив од Средниот Исток, од летото кампуваат недалеку од границата меѓу Белорусија и Полска, во теши услови, со желба да влезат во Полска, односно на територија на ЕУ.

Варшава го обвинува режимот на белорускиот претседател Александар Лукашенко дека ги вооружува мигрантите кои се обидуваат да ја преминат границата со димни бомби и друго оружје. Минск пак ги отфла таквите обвинувања.

ЕУ ќе испрати помош во вредност од 700 илјади евра за мигрантите на границата, по критиките дека малку прави за да им помогне на тие луѓе.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img