Wednesday, December 1, 2021
HomeМакедонијаТаравари: Ако нема датум во декември, во Владата ќе се случи „експлозија“

Таравари: Ако нема датум во декември, во Владата ќе се случи „експлозија“

Градоначалникот на Гостивар и генерален секретар на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари, во дебатната емисија на ТВ Шења изјави дека „во Владата ќе се случи експлозија“, откако најверојатно нема да биде добиен датум за отпочнување на преговорите на Македонија со ЕУ ниту на 15 декември 2021 година.

„Има многу незадоволство во Владата. Ќе помине 15 декември, 99 проценти нема да се добие датум и ќе ја видите експлозијата во Владата“, вели Таравари.

Потсетуваме, вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров вчера соопшти дека и јануари останува опција за добивање на датум за преговори во ЕУ, доколку тоа не се случи во декември.

„Иако преференцата е декември, од неколку главни градови во Европа слушам дека и јануари сепак останува како можност да се успее, што ни дава можеби малку повеќе време, иако мислам дека фокусот треба да ни биде на декември“ изјави Димитров.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img