Wednesday, December 1, 2021
HomeСпортЧави веќе има четири имиња со кои сака да ја засили Барселона

Чави веќе има четири имиња со кои сака да ја засили Барселона

Чави Ернандез се врати неодамна во Барселона за да ја исправа ситуацијата во која што ја остави претходниот тренер, Роналд Куман.

Со доаѓањето на нов тренер, следуваа и нови промени, кои сигурно нема да им се допаднат на сите во клубот, но тоа мора така да биде.

Новинарот од Каталонија, Жерар Ромеро, тврди дека има некои интересни информации.

Чави наводно ги известил Бускетс, Пике и Алба дека нема да може да настапуваат на повеќе од 1 натпревар неделно, така што повеќе шанса ќе добиваат Ерик, Балде и Нико и ќе бидат повеќе интегрирани во тимот.

Исто така на неговата листа на желби имало четири имииња, станува збор за Карим Адејеми, капитенот на Валенсија Хозе Гаја, капитенот на Челси, Цезар Азпиликуета и дефанзивецот на „сините“ Андреас Кристенсен.

Јасно е дека по доаѓањето на Чави ќе следува мини реконструкција оваа зима, а потоа и бран на чистка идното лето.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img