Wednesday, December 1, 2021
HomeПопуларноПолска ја доби битката против мигрантите и ЕУ?

Полска ја доби битката против мигрантите и ЕУ?

Решението е Германија да преземе дел од бегалците преку директен хуманитарен коридор, другиот, поголем, дел Белорусија со авиони да го врати во Ирак, а во Полска ниту да остане, ниту да влезе мигрант.

По предлогот на Лукашенко, ЕУ би воспоставил хуманитарен коридор за 2.000 бегалци кои се на границата со Полска, за тие да стигнат до Германија. Додека Белорусија ќе се справи со останатите 5.000 кои се во земјата, а уште не се стигнати до границата. Не е познато што ќе се случи со оние кои нема да сакаат да бидат вратени во Ирак и како Белорусија ќе се справува со нив.

Портпаролот на ЕУ тврди дека нема да има каков било договор со Белорусија, меѓутоа Меркел и Лукашенко веќе имаа разговарано околу проблемот, во кој најавија дека функционери „од двете страни веднаш треба да почнат со преговори“.

Во понеделникот, пред двата телефонски разговори меѓу Меркел и Лукашенко, министрите за надворешни работи на ЕУ дадоа поддршка за нов сет на санкции против Белорусија, заради „хибридниот напад“ извршен против Унијата.

По напнатоста на полската граница која ескалираше во вторникот, белоруските власти решија на дел од бегалците на границата да им понудат засолниште во едно од царинските складишта на границата со Полска.

Инаку бегалците кои ќе бидат фатени на Полска територија се депортирани дури и ако бараат азил во земјата, пракса што Полска ја легализираше минатиот месец и покрај тоа што е спротивна на меѓународниот закон.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img