Tuesday, November 30, 2021
HomeСветТурската лира падна 20 отсто за три месеци

Турската лира падна 20 отсто за три месеци

Турската лира падна на уште еден историски минимум бидејќи централната банка продолжи да ги намалува каматните стапки, што според аналитичарите го игнорираше опасниот пазарен пад и инфлацијата од близу 20%.

За еден долар сега се потребни 11 лири. Продажбата е поттикната од притисокот на Реџеп Таип Ердоган, па аналитичарите сметаат дека каматната стапка е прерано намалена.

За потсетување, турската централна банка ја намали референтната каматна стапка за 100 базични поени на 15 отсто и ја забрза спиралата на падот на лирата на историски најниско ниво.

Централната банка, која опозицијата ја критикува за исполнување на барањата на претседателот Таип Ердоган за стимулативна монетарна политика, рече дека дел од притисокот врз растот на цените е веќе привремен и ќе трае до средината на 2022 година, оставајќи простор за ново можно намалување на каматните стапки следниот месец, пренесува Ројтерс.

Потегот на централната банка го продолжи циклусот на олабавување на монетарната политика, што ги шокираше пазарите во септември, кога започна, наведува британската агенција.

Аналитичарите велат, додава Ројтерс, дека ова е непромислен потег со оглед на падот на лирата и зголемената инфлација и дека тоа е одраз на „цврстата рака на Ердоган“ во централната банка, каде што смени тројца гувернери за две и пол години.

Турската валута падна на 10,98 лири во однос на доларот по одлуката на банката, што е за 6,6,9 отсто помалку од највисокото ниво во март.

Комитетот за монетарна политика на Турската централна банка соопшти дека минливиот притисок врз инфлацијата „од страната на понудата и други фактори, кои се надвор од контрола на монетарната политика“, ќе се задржи во текот на првата половина на следната година.

Ердоган во средата вети дека ќе оди „до крај“ во борбата против високите камати и ги повика компаниите да инвестираат и да вработуваат, што предизвика забрзување на продажбата на лирата, што потсетува на врвот на турската валутна криза од 2018 година.

Депрецијацијата на лирата од 32 отсто досега оваа година ги подигна цените на увезените стоки, стимулирајќи ја инфлацијата, која минатиот месец достигна 19,89 отсто, што е нејзино највисоко ниво во последните три години и четири пати повисоко од официјалната стапка на инфлацијата во централната банка.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img