Tuesday, November 30, 2021
HomeМакедонијаСДСМ најавува ново парламентарно мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ бара брзи избори

СДСМ најавува ново парламентарно мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ бара брзи избори

Можноста за приклучување на пратениците на Алтернатива во парламентарното мнозинство и за влез во Владата, ќе биде тема на најавената за денеска средба на премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев со претседателот на Алтернатива, Африм Гаши. Средбата треба да се одржи во Клубот на пратениците во 15:30 часот. Од пратеничката група на СДСМ најавуваат дека е формирано мнозинство од 61 пратеник како и дека Заев ќе оствари средба со лидерот на Алтернатива и други претставници на опозицијата со цел зголемување на новото парламентарно мнозинство.

Тие преговори ќе продолжат и какви места ќе се понудат за тоа е дадено овластување на Заев од ЦО на партијата и понатаму ќе носиме одлуки низ партиските телата, изјави Митрески, нагласувајќи дека има и други пратеници со кои се разговара и кои во минатиот период давале поддршка, истакна во гостување на ТВ 24 координаторот на пратеничката група на СДСМ во Собранието, Јован Митрески.

Дека Алтернатива ќе биде дел од Владата, изрази верување и пратеникот и член на претседателството на партијата Скендер Реџепи, кој како што рече, интеграцијата на земјата во ЕУ е приоритет пред уривањето на власта.

Синоќа заседаваше и Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, каде било дискутирано за актуелната општествено политичка состојба, за последните политички случувања врзани со состојбата во економијата и енергетската криза. На заседанието било заклучено дека единствен излез од кризата се брзи избори.

Со СДСМ нема да има нова влада, може само да има продлабочување на економската, енергетската и политичката криза. ВМРО-ДПМНЕ затоа смета дека брзи избори би биле единственото решение за излез од таквата криза, а се друго е продлабочување на кризата и уште поголема неизвесност, изјави по синоќешната седница на Извршниот комитет на партијата, пратеникот и член на ИК Драган Ковачки.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img