Wednesday, December 1, 2021
HomeАвстралијаАндон Дончевски во Австралија го прослави 86-тиот роденден

Андон Дончевски во Австралија го прослави 86-тиот роденден

Денес 86-ти роденден прославува Андон Дончевски, најдобриот стрелец во историјата на најтрофејниот македонски клуб. На вкупно одиграните 335 натпревари, од кои 187 првенствени средби, има постигнато 217 погодоци.
Во 1961. година беше дел од вардаровиот состав кој го освои Купот на Југославија, додека во сезоната 1986/87 ја предводеше од клупата и „златната“ Вардарова генерација, до шампионската титула во југословенското првенство. Андон Дончевски е првиот селектор на Македонската фудбалска репрезентација која ја предводеше во првиот квалификациски циклус.
Роден е на 19 ноември 1935 година, во Кавадарци. За првиот тим на Вардар дебитираше во сезоната 1953/54 и неговиот дрес го носеше во наредните 12 години. Тренер на нашиот клуб беше во периодот од 1985 до 1988 година.
ФК Вардар на “чичко Дончо” му го честита роденденот со најискрени желби за добро здравје и долг живот.
- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img