Wednesday, December 1, 2021
HomeСпортАгентот на Роналдо го најде новиот тренер на Манчестер Јунајтед

Агентот на Роналдо го најде новиот тренер на Манчестер Јунајтед

Оле Гунар Солскјер доби отказ по срамниот пораз на гостувањето кај Ватфорд со 4:1, а Манчестер Јунајтед сега е во потрага по нов тренер.

Одлуката за наследникот на Солскјер нема да биде воопшто лесна, а и познатите менаџери се обидуваат да ги искористат своите врски со цел да „истуркаат“ имиња кои им одговараат.

Таков е случајот и со Жорж Мендеш, кој во минатото на „Олд Трафорд“ донесе низа големи засилувања, има свој кандидат кој можеби нема да им се допадне на навивачите.

Имено, еден од најдобрите агенти на денешница лобира на клупата на „Ѓаволите“ да дојде Жулен Лопетеги, актуелниот тренер на Севиља.

На Лопетеги во моментов му оди многу добро со Севиља, меѓутоа кога последен пат беше тренер на некој великан не помина баш најдобро.

Шпанскиот стручњак во сезоната 2018/19 беше тренер на Реал Мадрид и таму се задржа нешто подолго од три месеци, а за отказот му пресуди убедливиот пораз од Барселона со 5:1.

Како еден од кандидатите се споменува и Брендан Роџес на кого во последно време не му оди најдобро во Лестер.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img