Wednesday, December 1, 2021
HomeБалканКабинетот на Радев: Крим припаѓа на Украина, но моментално е под контрола...

Кабинетот на Радев: Крим припаѓа на Украина, но моментално е под контрола на Русија

Во врска со прашањата на медиумите поврзани со толкувањата на зборовите на бугарскиот претседател Румен Радев од предизборната дебата на 18 ноември 2021 година за неговиот став за прашањето за Крим, неговиот Кабинет информира дека шефот на државата Румен Радев во неколку наврати изјавил дека анексијата на Крим е кршење на меѓународното право, што бил јасен став на Република Бугарија и во сите меѓународни организации.

– Од правна гледна точка, Крим и припаѓа на Украина и нашата земја во повеќе наврати ја истакна својата поддршка за нејзиниот суверенитет и територијален интегритет. Истовремено, како што нагласи претседателот Румен Радев во предизборната дебата, „моментално“ Крим е под контрола на Русија и повеќе од јасно е дека овој проблем не може да се реши со сила. Не еднаш, како и во дебатата, шефот на државата изрази загриженост за оваа фактичка состојба, што доведува до тензии во меѓународните односи и особено во регионот на Црното Море, што има директно влијание врз безбедноста на Бугарија и нејзините сојузници, се вели во реакцијата од прес-службата на претседателот Радев.

Оттаму додаваат дека тој во неколку наврати изразил стравување од можна ескалација на тензиите во регионот, а особено во источна Украина, и повикал на соодветни мерки за градење доверба и дијалог за да се намали конфронтацијата и да се создадат услови за мирно решение.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img