Wednesday, December 1, 2021
HomeСпортГенералниот директор на Јуве го прокоментира заминувањето на „големиот“ од Торино

Генералниот директор на Јуве го прокоментира заминувањето на „големиот“ од Торино

Кристијано Роналдо го напушти Јувентус ова лето на последниот ден од трансфер периодот, што помалку беше и изненадување за навивачите од Торини.

Тој се врати во Манчестер, каде настапуваше и порано, место каде освои многу трофеи и се етаблираша како еден од најдобрите.

А сега, неколку месеци по неговото заминување, еден од водечките луѓе на Јувентус, Маурицио Аривабене, инаку поранешен шеф на Ф1 тимот на Ферари, прокоментира за тоа.

„Сезоната за нас почна со заминување на важен играч, затоа Јувентус малку беше потресен. Кога играч каков што е Роналдо заминува, тогаш таквите моменти се неизбежни. Но мислам дека тоа беше природно, сега играчите чувствуваат поголема самодоверба и преземаа поголем дел од одговорноста во тимот, што е секако добро. Сега тимот гради добар тимски дух“, порача Аривабене.

 

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img