Wednesday, December 1, 2021
HomeПопуларноИталија ги казни Амазон и Епл со 230 милиони долари

Италија ги казни Амазон и Епл со 230 милиони долари

Италија ги казни американските технолошки гиганти Амазон и Епл со приближно 230 милиони долари, обвинувајќи ги за договарање на штета на конкуренцијата при продажбата на производите на Епл на италијанската платформа на Амазон.

Двете компании беа критикувани за договорот што го направиле во 2018 година, кој наводно им овозможил само на избрани дилери да продаваат производи на Епл и електронски додатоци Битс на италијанската платформа на Амазон, објави Ројтерс.

Италијанскиот антимонополски регулатор пресуди дека двете компании ги прекршиле законите на ЕУ со поткопување на конкурентноста на пазарот на цени.

На Епл и Амазон им е наредено да го раскинат својот договор и ограничувањата што ги носи тој, и да им овозможат на сите продавачи на производите на Епл и Битс недискриминаторски пристап и продажба на платформата.

Регулаторот го казни Амазон со 77,4 милиони долари и Епл со 151,5 милиони долари.

Двата американски технолошки гиганти најавија дека ќе се жалат на одлуката.

Во соопштението цитирано од Ројтерс, Амазон ја нарече казната „несразмерна и неоправдана“, отфрлајќи го тврдењето дека има корист од исклучувањето продавачи од нивната платформа. Тој додаде дека бизнис-моделот на компанијата е „заснован на успехот на продавачите“.

Во посебна изјава, Епл, исто така, ги отфрли обвинувањата, нагласувајќи дека компанијата внимателно ги избира партнерите за продажба „за да се осигура дека се продаваат само оригинални производи на Епл“.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img